Свет Минхенска безбедносна конференција

Лајен: ЕУ треба да вдахне живот на клаузулата за заемна одбрана

Таа истакна дека Европа, која со децении зависеше од САД за својата одбрана, сега мора да „забрза“ и „да ги преземе своите одговорности“.

Лајен: ЕУ треба да вдахне живот на клаузулата за заемна одбрана

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Минхенската безбедносна конференција изјави дека Европската Унија треба да „вдахне живот“ на клаузулата за заемна одбрана, загарантирана во нејзиниот основачки договор.

-Заемната одбрана не е задача по избор за ЕУ. Тоа е обврска од нејзиниот договор … Нашата колективна обврска е да застанеме заедно во случај на агресија, или едноставно кажано: еден за сите, сите за еден. И тоа е она што претставува Европа, посочи Лајен.

Таа истакна дека Европа, која со децении зависеше од САД за својата одбрана, сега мора да „забрза“ и „да ги преземе своите одговорности“.

-Безбедноста на Европа не секогаш се сметаше за наша примарна одговорност. Но, тоа се промени фундаментално … Треба да развиеме европски столб на стратешки средства: во Вселената, разузнавањето и капацитетите за длабок удар, наведе Лајен.

Таа се осврна и на односите на ЕУ со Велика Британија, потенцирајќи дека се поврзани кога било.

-Во овој исклучително нестабилен период, Европа и Велика Британија мора да се здружат … Десет години по Брегзит, нашата иднина е поповрзана од кога било. Затоа е во наш заеднички интерес да бидеме амбициозни во врска со нашето партнерство, истакна Лајен. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top