Свет русија

Кремљ: Воената помош одобрена од Претставничкиот дом ќе ги направи САД побогати и уште повеќе ќе ја уништи Украина

„Уште повеќе Украинци ќе загинат поради режимот во Киев“, рече Песков.

Кремљ: Воената помош одобрена од Претставничкиот дом ќе ги направи САД побогати и уште повеќе ќе ја уништи Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вечерва по повод одобрувањето на воената помош за Украина од Претставничкиот дом, изјави дека овој закон ќе ги направи САД уште побогати и истовремено „уште повеќе ќе ја уништи“ Украина, јавија светските агенции, повикувајќи се на изјава на прес-секретарот на рускиот претседател Владимир Путин за руските медиуми.

„Уште повеќе Украинци ќе загинат поради режимот во Киев“, рече Песков.

Според него, легислативата што ќе и овозможи на американската Влада да ги одмрзне руските средства во корист на обновата на Украина, „ќе предизвика непоправлива штета на американскиот имиџ“. Во исто време, Русија ќе одговори со мерки од гледна точка на сопствениот интерес, додаде портпаролот на Кремљ.

Најнови вести од Свет

To top