Свет ќе се разговара за билатерални и глобални прашања

Кремљ: Средбата Бајден – Си е важна за целиот свет

Кремљ претстојната средба помеѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг ја оценува како „важна за целиот свет“.

Кремљ: Средбата Бајден – Си е важна за целиот свет

Тие две земји воспоставуваат билатерални односи, тоа е нивно право. Се разбира, секоја средба меѓу двете најголеми економии на планетата е важна за целиот свет, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Бајден и Си денеска ќе се сретнат на имотот Филоли, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), чиј домаќин е Сан Франциско.

Предвидено е средбата да трае околу четири часа, на која двајцата лидери ќе разговараат за билатерални и глобални прашања.

To top