Свет Брисел

Кошта: За сите нас проширувањето на ЕУ е приоритет и сме посветени на тоа

„На оваа средба сакаме да го поттикнеме движењето кон проширување, кон поголема интеграција и споделување на заедничката историја“, потенцираше Кошта.

Кошта: За сите нас проширувањето на ЕУ е приоритет и сме посветени на тоа

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, денеска во Брисел, непосредно пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан, изјави дека проширувањето е приоритет за сите во ЕУ, дека се посветени на тоа и веруваат дека тоа е „најголемиот залог во мирот, безбедноста и просперитетот“.

Во кратката изјава за новинарите по пристигнувањето, Кошта рече дека Самитот е важен од три причини.

-Бидејќи припаѓаме на исто европско семејство, делиме континент и што е најважно, заеднички вредности и заедничка историја. Второ, затоа што проширувањето е приоритет за сите нас. Ние веќе сме посветени на проширувањето и сите веруваме дека проширувањето е најважната геополитичка инвестиција во мирот, безбедноста и просперитетот, истакна Кошта.

Трето, тој рече дека ЕУ ја спроведува постепената интеграција на земјите од Западен Балкан очекувајќи конкретни придобивки за граѓаните од регионот, како што се безвизен режим за патување, полесни плаќања и Планот за раст, со кој може радикално да се трансформира Западен Балкан.

„На оваа средба сакаме да го поттикнеме движењето кон проширување, кон поголема интеграција и споделување на заедничката историја“, потенцираше Кошта. (МИА)

To top