Свет Советот на ЕУ

Кошта и Фон дер Лајен го поздравија стартот на Данското претседавање со ЕУ

Според најавите, приоритет на Данското претседателство со Советот на ЕУ, чие мото „Силна Европа во светот што се менува“, е изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа.

Кошта и Фон дер Лајен го поздравија стартот на Данското претседавање со ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во објави на социјалните мрежи го поздравија денешниот почеток на шестмесечното претседавање на Данска со Советот на ЕУ.

– Добре дојде на Данското претседателство. Ви посакувам успех во наредните шест месеци, наведе Кошта.

Тој во објавата упатува честитки и до данската премиерка Мете Фредериксен.

– Драга Мете, со нетрпение ја очекувам нашата блиска соработка и се гледаме на официјалниот старт на Претседателството оваа недела во Архус!, додаде Кошта.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Фон дер Лајен, пак, упати „многу топло добредојде“ до Данска, на почетокот на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ.

– Со нетрпение очекувам да соработуваме за безбедна и конкурентна Европа. Со данскиот прагматизам и лидерство, Европа е во добри раце, додаде Фон дер Лајен во објавата.

Според најавите, приоритет на Данското претседателство со Советот на ЕУ, чие мото „Силна Европа во светот што се менува“, е изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа.

To top