Свет

Конгресот на Перу го отповика претседателот Хери

Конгресот на Перу синоќа го отповика претседателот Хозе Хери поради непријавени средби со еден кинески бизнисмен

Конгресот на Перу го отповика претседателот Хери

Конгресот на Перу синоќа го отповика претседателот Хозе Хери поради непријавени средби со еден кинески бизнисмен.

За отповикување на Хери гласаа 75 членови на Конгресот, 24 се изјаснија „против“, а тројца беа „воздржани.

Хери беше на функција само четири месеци. Тој е трет по ред претседател на Перу кој е отповикан.

To top