Свет Болница речиси претворена во гробишта

Конфликт Израел-Хамас: Најважни настани во изминатите 24 часа

Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, изјави дека околу 600 луѓе останале во болница.

Конфликт Израел-Хамас: Најважни настани во изминатите 24 часа

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека болницата Ал-Шифа, најголемата во градот Газа, речиси е претворена во гробишта бидејќи околу болницата има тела кои не можат да се однесат во мртовечници или да се закопаат.

Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, изјави дека околу 600 луѓе останале во болница, пренесува Би-Би-Си.

Директорот на болницата Мохамед Абу Селмија изјави дека израелските власти се уште не дале дозвола тела на починати да бидат транспортирани од болницата за погреб.

– Израелската војска стигна до портите на најголемата болница во Газа додека стотици пациенти, вклучително и десетици бебиња, останаа заробени внатре. Илјадници луѓе ја напуштија болницата Ал-Шифа во градот Газа, но здравствените власти соопштија дека преостанатите пациенти умираат поради недостиг на енергија. Најмалку 32 пациенти, вклучително и три предвремено родени бебиња, починале во изминатите три дена, соопшти Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас.

– Најмалку 11.240 Палестинци се убиени, вклучувајќи 4.630 деца и 3.130 жени во Газа од страна на израелската војска од 7 октомври, соопшти синоќа Министерството за здравство.

– Американскиот претседате Џо Бајден рече дека болницата Ал – Шифа „мора да биде заштитена“.

– Сите болници во северна Газа се „надвор од употреба“ поради недостиг на гориво и интензивна борба, соопшти вчера Министерството за здравство на енклавата. Две големи болници во северниот дел на Газа – Ал-Шифа и Ал-Кудс – се затворени за нови пациенти поради израелските воздушни напади и тешките борби околу двата објекта.

– Директорот на агенцијата на ОН за палестински бегалци, УНРВА, предупреди дека хуманитарните операции на групата во Газа ќе бидат прекинати во следните 48 часа, освен ако не се дозволи гориво на опколената територија. Генералниот комесар на УНРВА, Филип Лазарини, рече дека складиштето за гориво на агенцијата во Газа повеќе нема да може да ги снабдува болниците.

– УНРВА соопшти дека едно од нивните училишта во северниот дел на Газа и зградата означена како резиденција на меѓународниот персонал на ОН во областа Рафа биле директно погодени.

– Камиони кои превезуваат очајно потребна помош преку преминот Рафа од Египет би можеле да ја прекинат работата денеска поради недостиг на гориво. Хуманитарен прекин на огнот, снабдување со гориво – сето тоа треба да се случи сега. Ни истекува времето пред навистина да се соочиме со голема катастрофа, изјави Андреа Де Доменико, шеф на канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања на окупираната палестинска територија.

– Израел тврди дека открил оперативен центар на Хамас под детската болница Рантиси во градот Газа, а доказите сугерираат дека таму биле држени заложниците земени на 7 октомври.

– Вооруженото крило на Хамас соопшти дека разговарало со катарските посредници за ослободување на 70 жени и деца заложници во Газа во замена за петдневен израелски прекин на огнот. Израел отфрли секаква можност за прекин на огнот до ослободување на сите 240 заложници.

– Министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен, го призна зголемениот меѓународен притисок за прекин на огнот. Тој, исто така, процени дека Израел има „дипломатски прозорец“ од две до три недели пред сериозно да почне да се зголемува притисокот врз земјата, објавија локалните медиуми.

– Стотици американски владини претставници од Стејт департментот и меѓународната агенција за развој потпишаа внатрешен меморандум во кој ја критикуваат Белата куќа за „непочитување на животите на Палестинците“ и за покажување „неподготвеност за деескалација“ во војната Израел-Хамас.

– Надбискупот од Кентербери повика на прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас, велејќи дека размерите на цивилните жртви и хуманитарната катастрофа во Газа не може да биде „морално оправдана“.

Тони Блер, поранешниот британски премиер, стави до знаење дека е достапен доколку е потребно да помогне во обидот да се стави крај на растечката криза во Израел и Палестина. Неговата канцеларија, сепак, ја демантираше информацијата во израелскиот печат дека веќе му била понудена конкретна работа.

To top