Претставници на националниот парк Мљет денеска соопштија дека добиле повеќе пријави дека во каналот Мљет меѓу Полач и Трстеник е виден кит.
Тие изјавија дека немаат повеќе информации за китот, ниту пак знаат за каков вид се работи.
Заедно со објавената фотографија, Националниот парк Мљет упати апел до локалното население и туристите доколку го видат китот, да не му приоѓаат со чамци.