Свет Јавен повик

Кисела Вода ги повикува изнемоштените лица да се пријават за бесплатната услуга „Итно Копче”

Општина Кисела Вода е првата локална самоуправа која ја имплементираше услугата “Итно Копче” во соработка со Црвениот Крст, преки која за почеток, ќе бидат опфатени 40 лица.

Кисела Вода ги повикува изнемоштените лица да се пријават за бесплатната услуга „Итно Копче”

Општина Кисела Вода и Црвениот Крст денес распишаа повик на кој треба да се пријават заинтересираните за користење на услугата „Итно Копче”. Се работи за аларм уред поставен на нараквица, кој на постарите и изнемоштени лица во случај на итна здравствена потреба им овозможува да искомуницираат со оператор или да им биде испратен тим за прва помош директно во нивниот дом.

Критериумите за избор на лицата кои бесплатно ќе ја добијат услугата се достапни на веб страната на Општина Кисела Вода.

Огласна табла

Потребно е да немаат помалку од 65 години, нивната пензија да не надминува 25 000 денари и да немаат дијагностицирана деменција. Потребната документација која исто така е пропишана во овој јавен повик, треба да се достави или до Општина Кисела Вода, барака 6, каде е сместена канцеларијата на Црвениот Крст, секои среда и петок од 10 до 14 часот или во канцеларијата на “Итно копче” на ул. “Славе Георгиевски Шнајдер” бр.5, секој работен ден од 08 до 16 часот.

Секоја достава на документи претходно се закажува на телефонскиот брј 15 330. Поради ограничениот број на уреди, селекцијата на корисниците ќе се прави по принципот “прв дојден- прв услужен”

Општина Кисела Вода е првата локална самоуправа која ја имплементираше услугата „Итно Копче” во соработка со Црвениот Крст, преки која за почеток, ќе бидат опфатени 40 лица.

To top