Свет Форбс

Кина ќе биде подготвена да го нападне Тајван до 2027 година

-На состанокот на вооружените сили на Комунистичката партија на Кина (ПЛА) под раководство на претседателот Си Џинпинг, беше донесена наредба армијата да биде подготвена да го нападне Тајван до 2027 година. Понатаму, потезите на ПЛА укажуваат на нивната способност да користат сила, доколку е така наредено, за да се исполни посакуваната временска рамка на Си за обединување на Тајван со континентална Кина, вели Аквилино.

Кина ќе биде подготвена да го нападне Тајван до 2027 година

Кина брзо ја зајакнува својата војска на ниво невидено од Втората светска војна, што значи дека е на пат да биде подготвена да го нападне Тајван до 2027 година, изјави адмиралот на американската морнарица Џон Аквилино, пишува Форбс.

-На состанокот на вооружените сили на Комунистичката партија на Кина (ПЛА) под раководство на претседателот Си Џинпинг, беше донесена наредба армијата да биде подготвена да го нападне Тајван до 2027 година. Понатаму, потезите на ПЛА укажуваат на нивната способност да користат сила, доколку е така наредено, за да се исполни посакуваната временска рамка на Си за обединување на Тајван со континентална Кина, вели Аквилино.

Аквилино им рече на пратениците на сослушувањето вчера дека верува оти Кина сè уште се надева да го асимилира Тајван без војна, иако Пекинг брзо се приближува до капацитетот за напад.

Тој и Ели Ратнер, помошник секретар за одбрана за Индо-пацифичката команда, рекоа дека заканата од директен конфликт меѓу САД и Кина не е „ниту моментална, ниту непосредна“, но дека Пентагон мора брзо да дејствува за да го намали ризикот од војна.

Аквилино во своето сведочење напиша дека од трите главни проблеми со кои се соочуваат САД во регионот – Русија, Кина и Северна Кореја – Кина е „единствената земја што има способност, капацитет и намера да го урне меѓународниот поредок“.

-На размери што не се забележани од Втората светска војна, ПЛА ги зајакнува своите способности на копно, на море, во воздух, во вселената, во сајбер и информативните домени, додаде тој.

To top