Кина соопшти дека „цврсто се спротивставува“ на трговскиот договор склучен од САД со Тајван, кој предвидува развој на производство на полупроводници на американска територија во замена за намалени царини за тајвански производи.
„Кина систематски и решително се спротивставува на секој договор што има импликации за суверенитетот или е од официјален карактер потпишан меѓу земјите со кои има дипломатски односи и кинеската покраина Тајван“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, на прес-конференција.
Тој ги повика САД „строго да се придржуваат до принципот на една Кина“.
Пекинг го смета Тајван за составен дел од Кина.