Свет велигден

Католиците низ светот денес го слават Велигден – празник на воскресението и новиот живот

Католичките верници ширум светот денес го одбележуваат Велигден, еден од најзначајните христијански празници, посветен на воскресението на Исус Христос.

Зборот „Велигден“ означува премин – за христијаните тоа е преминот од физичка и духовна смрт кон нов, вечен живот. Празникот го симболизира повторното раѓање на христијанството, а неговото одбележување датира уште од 2 век.

На Велигден му претходи четириесетдневен пост, познат како Велики пост или Велигденски пост, кој започнува со Пепелна среда и завршува со Цветници. Овој период симболично ги претставува 40-те дена што Исус Христос ги поминал во пустината, во молитва, пост и искушенија.

Празникот се одбележува со свечени богослужби во црквите, каде верниците палат свеќи и упатуваат молитви во чест на Христовото воскресение. По литургијата, следуваат семејни и заеднички прослави, исполнети со музика и радосна атмосфера.

Во многу земји, Велигден се одбележува и со хуманитарни активности, како и со традиционални обичаи. Еден од најпрепознатливите симболи на празникот е јајцето, кое го претставува животот и воскресението. Затоа, украсувањето на јајца и популарните „ловови на јајца“ се неизоставен дел од велигденските традиции во многу култури.

To top