Свет

Еве кога стапува на сила договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

Катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани рече дека посредниците очекуваат договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас да стапи на сила в недела – 19 јануари.

Еве кога стапува на сила договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

Катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани рече дека посредниците очекуваат договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас да стапи на сила в недела – 19 јануари.

На прес-конференција во катарската престолнина Доха, премиерот им се заблагодари на претставникот на американскиот претседател Џо Бајден, Брет Мекгурк и на претставникот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф.

-Катар, Египет и САД со задоволство го објавуваат успехот на заедничките посреднички напори откако завојуваните страни во Газа постигнаа договор за размена на затвореници и заложници, нагласи тој.

Според договорот, што допрва треба да биде официјално објавен, се очекува Хамас и неговите сојузнички милитантни групи да ослободат 33 заложници од Израел.

За возврат, Израел ќе ослободи стотици палестински затвореници.

Според извори на западни медиуми:

• Првата фаза ќе се одржи во текот на првичниот 42-дневен прекин на огнот.

• Израелскиот кабинет треба да го одобри договорот со просто мнозинство гласови.

• Израел верува дека повеќето од 33-те заложници што ќе бидат ослободени во првата фаза од договорот се живи.

• Меѓу ослободените се очекува да има и пет жени израелски војници, од кои секоја ќе биде разменета за 50 палестински затвореници, вклучително и 30 осудени милитанти кои отслужуваат доживотна казна затвор.

• Се очекува ослободување на стотици палестински затвореници. Палестинските затвореници за кои се смета дека се одговорни за убиства на Израелци нема да бидат пуштени на Западниот Брег, туку во Појасот Газа или во странство по договори со странски земји.

• Израелската војска ќе започне да се повлекува во текот на првата фаза, но ќе остане долж границата Газа-Египет . Израел, исто така, ќе одржи тампон зона во Газа долж границата со Израел, чија големина допрва треба да биде објавена.

Претседателот на САД, Џо Бајден рече дека имал „многу добро попладне“ откако официјално го објави договорот меѓу Израел и Хамас.

-Ова е многу добро попладне, бидејќи конечно можам да објавам прекин на огнот и постигнат е договор за заложниците меѓу Израел и Хамас по повеќе од 15 месеци конфликт што започна со бруталниот масакр на Хезболах на 7. октомври, рече Бајден, погрешно наведувајќи која група го започна нападот на 7 октомври 2023 година.

Тој додаде: „Повеќе од 15 месеци терор за заложниците, нивните семејства, израелскиот народ. Повеќе од 15 месеци страдање на невиниот народ во Газа. Борбите во Газа ќе престанат. И наскоро заложниците ќе се вратат дома кај нивните семејства“.

To top