Свет

Катар го осуди иранскиот напад врз неговите поморски сили во Бахреин

Катар повика и на „прекин на ескалацијата, почитување на меѓународното право и Повелбата на ОН, со цел да се зачува регионалната безбедност и стабилност и да се заштитат луѓето од опасноста од понатамошни тензии“

Катар го осуди иранскиот напад врз неговите поморски сили во Бахреин

Катар денеска го осуди иранскиот напад врз Бахреин, при што беше погодено и подрачјето каде се сместени катарските поморски сили (Amiri Naval Forces).

Во соопштението на катарското Министерство за надворешни работи се наведува дека Доха „ова го смета за очигледен акт на агресија, грубо кршење на суверенитетот на Бахреин и директна закана за неговата безбедност, стабилност и регионална безбедност“.

Катар повика и на „прекин на ескалацијата, почитување на меѓународното право и Повелбата на ОН, со цел да се зачува регионалната безбедност и стабилност и да се заштитат луѓето од опасноста од понатамошни тензии“.

Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека во денешниот ирански напад врз Манама оштетени се две станбени згради и хотел.

Бахреин соопшти дека пресретнала десетици ирански ракети и повеќе од 120 ирански беспилотни летала.

Иранските напади во Бахреин се насочени кон станбени области, нафтен објект и голема американска поморска база. Досега во иранските напади загина едно лице.

To top