Предизборниот штаб на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, заедно со Републиканската партија, собрале повеќе од 160 милиони долари донации во септември, соопшти денеска штабот на републиканскиот кандидат.
Ова е за 23 отсто повеќе од собраните 130 милиони долари во претходниот месец.
Трамп се соочува со тесна трка против американската потпретседателка Камала Харис на претседателските избори на 5 ноември, покажуваат анкетите.
Кампањата на Харис собра 361 милион долари донации во август, а во однос на финансиските средства го предводи изборниот штаб на Трамп.