Свет САД

Камала Харис собра половина милијарда долари донации за претседателската кампања

Според повеќе неименувани извори, Харис само во првата недела по изборот за кандидатка собра 200 милиони долари, а во јули вкупно 310 милиони долари.

Камала Харис собра половина милијарда долари донации за претседателската кампања

Кампањата на кандидатката на Демократската партија за претстојните претседателски избори во САД, Камала Харис, собра околу половина милијарда долари донации откако стана кандидатка.

Според повеќе неименувани извори, Харис само во првата недела по изборот за кандидатка собра 200 милиони долари, а во јули вкупно 310 милиони долари.

Кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп, собра околу 138 милиони долари во јули, со што до почетокот на август имаше вкупно околу 327 милиони долари. За време на кампањата за изборите во 2020 година, претседателот на САД, Џо Бајден, собра нешто повеќе од милијарда долари. (МИА)

To top