Јапонија ќе ја прошири забраната за извоз во Русија на уште 164 индустриски производи, како што се литиум-јонски батерии, гасни цевки и автомобилски моторни масла, соопшти Министерството за трговија, пренесуваат британските медиуми.
-Најновото дополнување на списокот за контрола на јапонскиот извоз, како дел од нејзините санкции против акциите на Москва во Украина, што вклучуваат и термостати, производи од нитроцелулоза и машини за обработка на дрво, ќе стапи на сила на 17 април, соопшти Министерството.
На 10 мај ќе стапи на сила забраната за увоз на руски дијаманти за неиндустриска употреба, мерка што беше објавена во декември откако Јапонија и другите земји од Г-7 се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски. (МИА)