Свет сите се живи

Извор од Хамас: Денеска ќе бидат ослободени 10 израелски заложници

Висок функционер на Хамас претходно изјави дека оваа палестинска група денеска ќе ги врати телата на тројцата мртви заложници.

Извор од Хамас: Денеска ќе бидат ослободени 10 израелски заложници

Извор на Хамас изјави дека 10 израелски заложници денеска ќе бидат ослободени од Појасот Газа, од кои двајца имаат и руско државјанство, како дел од секојдневното продолжување на примирјето, јавија француските медиуми. Во претходните изјави се наведуваше дека денеска ќе бидат ослободени осум заложници и вратени три тела.

-Сите се живи, изјави изворот од Хамас. „Израел синоќа го одби списокот што го предложи Хамас, а што вклучуваше и тела на тројца израелски државјани“, додаде тој.

Висок функционер на Хамас претходно изјави дека оваа палестинска група денеска ќе ги врати телата на тројцата мртви заложници.

Засега не е јасно дали изворот од Хамас, што го цитираат француските медиуми, во новите заложници што треба да ги ослободи ги вбројува и вчера ослободените руски-израелски државјанки Јелена Трупанов и нејзината мајка Ирена Тати, кои синоќа беа ослободени како „гест“ кон рускиот претседател Владимир Путин, или тие ќе бидат покрај спискоот од 10-те Израелци што треба да се ослободат, јави „Тајмс оф Израел“.

To top