Свет меѓу Израел и Хамас

Гутереш повика на итен прекин на огнот и ослободување на заложниците

Гутереш повика на итен прекин на огнот и ослободување на заложниците

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска повика на итен прекин на војната меѓу Израел и Хамас, враќање на заложниците и зголемување на хуманитарната помош на опколената палестинска територија.

-Го повторувам мојот апел, повикот на светот за итен прекин на огнот, безусловно ослободување на сите заложници и итно зголемување на хуманитарната помош. Но, прекинот на огнот ќе биде само почеток. Тоа ќе биде далеку од уништувањето и траумата на ова војна, рече Гутереш во видео обраќањето на меѓународната конференција на донатори во Кувајт, пренесоа француските медиуми.

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа оцени дека прекин на огнот во војната во Газа ќе биде можен уште утре, доколку Хамас ослободи 128 заложници, кои ги крие на своја територија по нападот на југот на Израел на 7 октомври.

Последните индиректни разговори меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на борбите во Газа и ослободување на заложниците пропаднаа без никаков забележлив напредок оваа недела.

To top