Свет во Кан Јунис

Израелската армија уби повеќе борци на Хамас

Борбен авион уби и снајперист од групата „Исламски џихад“, се вели во соопштението.

Израелската армија уби повеќе борци на Хамас

Израелските одбранбени сили убиле исламистички борци на Хамас во градот Кан Јунис во Појасот Газа, соопшти утринава армијата, додека нејзината кампања се фокусира на јужниот дел на крајбрежниот појас, јави ДПА.

Борбен авион уби и снајперист од групата „Исламски џихад“, се вели во соопштението.

Израелските одбранбени сили, исто така, објавија дека е извршена прецизна операција на локација што ја користел командантот на бригадата на Хамас во Кан Јунис, каде што биле пронајдени пушки, муниција, воена опрема и техничка опрема.

Морнарицата, исто така, напаѓаше цели на Хамас и ги поддржуваше копнените трупи додека израелската армија се фокусираше на Кан Јунис, кој се смета за упориште на исламистите, соопштија одбранбените сили.

To top