Израелското воено воздухолповство извршило повеќе од 800 напади врз Иран од почетокот на интервенцијата што ја покренаа заедно со САД.
Во соопштението на Израелската армија лиферувано изутринава се посочува дека во нападите се искористени околу 16 илјади најразлични офанзивни воени средства, со најава дека „целните напади“ против иранскиот „терористички режим“ ќе продолжат, согласно информациите обезбедени од разузнавачките служби.
Армијата на Израел уште наведува дека завршила обемна кампања удари насочени кон инфраструктурни објекти поврзани со иранскиот безбедносен апарат.
Американско-израелската воена кампања против Иран трае веќе петта седмица.