Свет

Израелска армија: Немирите во воените бази ја одложија расправата за одмазда против Хезболах

Израелската армија соопшти дека немирите на десничарите во воената база Сде Тејман на југ вчера попладне и во базата Беит Лид во централниот дел на земјата директно наштетиле на безбедноста на Израел и ги одложиле дискусиите за одмазда против либанскиот Хезболах.

Одмазда против проирански Хезболах се подготвува за ракетниот напад во саботата во друзскиот град Маџал Шамс на Голан, во кој беа убиени 12 деца.

Офицерите на ИДФ (Израелските одбранбени сили), вклучително и началникот на Генералштабот, ги прекинаа разговорите за да се справат со упадите во базите, објавија израелските медиуми.

Инцидентите започнаа откако воената полиција вчераутро приведе девет резервисти во базата Сде Тејман, под сомнение дека неколку недели во затворот на базата малтретирале притворен Палестинец од Газа.

Набргу потоа, околу 1.2000 десничарски активисти, заедно со неколку пратеници ултранационалисти, се собраа околу базата Сде Тејман за да протестираат против истрагата против резервистите, а многумина насилно влегоа во базата.
Некои воени единици од Западниот Брег и оние чии членови беа на одмор беа испратени синоќа во Беит Лид и денеска таму ќе бидат неколку баталјони.

To top