Поголемиот број ирански лансери на ракети се уништени, а продолжуваат нападите врз иранскиот режим и неговиот репресивен апарат, тврди израелски неименуван извор за медиумите во Ерусалим.
Тој посочи дека израелската армија набрзо ќе им овозможи на граѓаните да се вратат на секојдневниот живот.
Според него, целта на воздухопловните сили е да се намали способноста на Иран за лансирање на ракети на минимум, а потоа да продолжат нападите без временско ограничување.
Проценуваме дека се уништени 80 проценти од лансерите, а целта е да бидат уништени 95 отсто. Ако остане една ракета на неколку дена, можно е да се вратиме во нормалниот живот, слично како по нападите на Хутите во Јемен, истакна неименуваниот извор.
Тој додаде дека Израел „ќе го дроби иранскиот режим сè додека не падне, сè додека не ослабне и ќе продолжи да го гаѓа целиот негов репресивен апарат додека иранскиот народ не заздрави и не го собори режимот“.