Свет Блиски исток

Израел тврди дека ликвидирал високи функционери на иранското разузнавање во операцијата „Рикачки лав“

Според објава на Израелските одбранбени сили, цел на нападот биле заменик-министерот за разузнавање задолжен за „израелски прашања“ и шефот на одделот за шпионажа; погодено и седиштето на Министерството во Техеран

Израел тврди дека ликвидирал високи функционери на иранското разузнавање во операцијата „Рикачки лав“

Израелските одбранбени сили (IDF) соопштија дека во почетната фаза од операцијата „Рикачки лав“ биле елиминирани високи членови на иранското Министерство за разузнавање, како и дека бил извршен напад врз седиштето на институцијата во Техеран.

Според објавата на IDF на социјалната мрежа X, во нападот бил убиен Сајед Јахја Хамиди, заменик-министер за разузнавање задолжен за „израелски прашања“, кој, како што се наведува, раководел со активности насочени кон еврејски и западни цели, како и кон противници на режимот во Иран и во странство.

Меѓу ликвидираните, според израелската страна, е и Џалал Пур Хосеин, кој ја предводел дивизијата за шпионажа во рамки на министерството.

Израелската армија наведува дека нападите биле изведени врз основа на „прецизни разузнавачки информации“, а освен поединечните цели, погодено било и седиштето на Министерството за разузнавање во главниот град на Иран.

To top