Свет Израелската војска денеска соопшти дека убила двајца Палестинци во Појасот Газа.

Израел соопшти дека во Појасот Газа се убиени двајца Палестинци

Израел соопшти дека во Појасот Газа се убиени двајца Палестинци

Израелската војска денеска соопшти дека убила двајца Палестинци во Појасот Газа.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека „двајца терористи“ ја преминале таканаречената жолта линија во јужна Газа и се приближиле до израелските трупи.

Двајцата мажи претставувале „непосредна закана“ и биле „елиминирани“ откако биле идентификувани, се продолжува во соопштението.

Израелските војници се повлекоа зад жолтата линија во Појасот Газа по прекинот на огнот со палестинската милитантна група Хамас, кој стапил во сила на 10 октомври.

Означена со жолти бетонски елементи и знаци, линијата претставува нова поделба на територијата во Појасот Газа и се протега помеѓу 1,5 и 6,5 километри во крајбрежната област. Така, Израел контролира малку повеќе од половина од Газа.

Началникот на Генералштабот на Израел, Ејал Замир, неодамна ја прогласи жолтата линија за нова граница со Појасот Газа.

И покрај прекинот на огнот, спорадични инциденти продолжија да предизвикуваат жртви во Газа, бидејќи израелската војска продолжува да ги напаѓа командантите и позициите на Хамас.

To top