Свет Ерусалим

Израел се согласи да ја продлабочи безбедносната соработка со Грција и Кипар, вели Нетанјаху по трилатералниот состанок

Нетанјаху рече дека трите земји имаат намера да го развијат Економскиот коридор Индија-Блискиот Исток-Европа (IMEC), иницијатива за поврзување на Индија со Европа преку Блискиот Исток по море и железница.

Израел се согласи да ја продлабочи безбедносната соработка со Грција и Кипар, вели Нетанјаху по трилатералниот состанок

Израел се согласи да ја продлабочи безбедносната соработка со Грција и Кипар, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по трилатералниот состанок во Ерусалим со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и кипарскиот претседател Никос Христодулидес.

Тројцата денеска учествуваа на заедничка прес-конференција по трилатералниот самит во Ерусалим/

Нетанјаху рече дека трите земји имаат намера да го развијат Економскиот коридор Индија-Блискиот Исток-Европа (IMEC), иницијатива за поврзување на Индија со Европа преку Блискиот Исток по море и железница.

Христодулидес ја повтори својата поддршка за енергетски интерконектор од Европа и Република Кипар до Блискиот Исток и пошироко, нагласувајќи дека проектот останува клучен приоритет за Грција, Кипар и Израел.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Тој додаде дека може да се направи повеќе за соработка со Израел во областите на борбата против тероризмот и кибер и енергетската безбедност.

Мицотакис истакна дека Грција е „подготвена да помогне“ во реконструкцијата на Газа по завршувањето на конфликтот. (МИА)

To top