Свет обезбеден коридор

Израел почна да помага при евакуација на пациенти од болница во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел упатил повик за евакуација на сите пациенти до болницата Ал Шифа во Газа и дека веќе 100-тина од нив се евакуирани.

„Упативме повик да ги евакуираме сите пациенти од таа (Ал-Шифа, најголемата) болница во Газа, а веќе околу 100 од нив се евакуирани“, рече Нетанјаху за Си-Ен-Ен и доаде дека нема причина зошто пациентите не можат едноставно да бидат однесени од таму.

Израел претходно најави дека е обезбеден коридор во близина на болницата Ал-Шифа, меѓутоа, Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека не може да потврди дали дошло до евакуација.

Нетанјаху изјави дека Израел им помага на пациентите во болниците преку воспоставување на безбедносни коридори среде борбите на терент, но инсистира дека нема да им даде имунитет на терористите на Хамас.

„Одредивме рути до безбедносната зона јужно од градот Газа“, рече тој.

Нетанјаху истакна дека сака сите луѓе да бидат подалеку од опасноста.

Најнови вести од Свет

To top