Во соопштението не се наведува колку ќе биде зголемена испораката, туку само дека одобрениот „минимален износ потребен за да се спречи хуманитарен колапс и избивање епидемии во Појасот Газа“, пренесува Тајмс оф Израел.
„Овој минимален износ ќе се одредува од време на време од воениот кабинет, во согласност со стапката на заразеност и хуманитарните услови во Појасот Газа“, соопшти кабинетот на Нетанјаху.
Израелските медиуми јавуваат дека САД побарале дневната испорака од 60.000 литри да се зголеми двојно или тројно.