Свет гп се затворени од 7 октомври

Израел го отвори преминот Керем Шалом за испорака на помош во Газа

Израел овозможи од денеска да се изведува испорака на помош за Појасот Газа преку преминот Керем Шалом, соопшти канцеларијата на израелскиот премиер.

Британските медиуми јавуваат дека оваа одлука на воениот кабинет на Нетанјаху ќе му овозможи на Израел да го исполни ветувањето за дневен влез на 200 камиони со хуманитарна помош во Газа.

Преминот Керем Шалом е затворен од 7 октомври кога Хамас го нападна Израел, а оттогаш помошта во Газа пристигнува само преку преминот Рафа, на границата со Египет, преку кој, според Израел, дневно можеле да влезат само 100 камиони. .

Досега сите камиони со хуманитарна помош влегуваат во Појасот Газа преку граничниот премин Рафа со Египет, но таму сета пратка прво е проверувана од Израел.

Откако почнаа испораките на 20 октомври, се врши инспекција на преминот Ницана меѓу Израел и Египет, принудувајќи ги камионите да се движат од Рафа до Ницана и назад, создавајќи тесни грла. Токму од тие причини Израел денеска дозволи помошта да почне да минува и низ Керем Шалом, бидејќи од среда дозволи и инспекции на некои камиони кои доставуваа помош преку Рафа.

Најнови вести од Свет

To top