Свет Изјава

Израел ги отфрли како „лажни и апсурдни“ обвинувањата на ОН за „геноцидни постапки“ во Газа

-Антиизраелскиот циркус познат како Комисија за човекови права на ОН долго време се покажа како антисемитски, корумпиран, протерористички и ирелевантен, додаде израелскиот премиер.

Израел ги отфрли како „лажни и апсурдни“ обвинувањата на ОН за „геноцидни постапки“ во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ги отфрли како „лажни и апсурдни“ наводите на истражната комисија на ОН дека Израел извршил „геноцидни постапки“ во Појасот Газа.

-Наместо да се фокусира на злосторствата против човештвото и воените злосторства извршени од терористичката организација Хамас во најтешкото масовно убиство на Евреите по холокаустот, ОН повторно избраа да ја нападнат државата Израел со лажни обвинувања, вклучително и апсурдни наводи за сексуално насилство, рече Нетанјаху во изјавата.

Невладините организации, вклучително и Амнести интернешенел и независните експерти на ОН, го обвинија Израел за геноцид во Газа од почетокот на војната на палестинската територија, предизвикан од нападот без преседан на Хамас врз еврејската држава на 7 октомври 2023 година.

-Антиизраелскиот циркус познат како Комисија за човекови права на ОН долго време се покажа како антисемитски, корумпиран, протерористички и ирелевантен, додаде израелскиот премиер.

Во извештајот на експерти на ОН објавен претходно денеска се вели дека Израел извршил „геноцидни постапки“ врз Палестинците со систематско уништување на здравствените установи на жените за време на конфликтот во Газа и користење на сексуално насилство како воена стратегија.  (МИА)

To top