Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска ја напушти болницата „Санто Спирито“ во Рим откако му беше вграден пејсмејкер.
Тој завчера успешно беше подложен на хируршка интервенција за вградување пејсмејкер, а од Претседателството нагласија дека нема причини за загриженост, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.
Тој се врати во својата резиденција, во палатата Квиринале, соопшти неговиот кабинет. (МИА)