Свет блиски исток

ИРГЦ тврди дека нападнал повеќе од 100 израелски цели во Тел Авив

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека нападнал повеќе од 100 цели во Тел Авив во рамките на 61-от бран на операцијата „Вистинско ветување 4“, наведувајќи дека акцијата е изведена како одмазда за смртта на поранешниот ирански безбедносен функционер Али Лариџани.

Во соопштението на ИРГЦ се наведува дека целите биле гаѓани со различни типови ракети, вклучувајќи ги „Khorramshahr-4“, „Qadr“, „Emad“ и „Kheibar Shekan“, пренесе порталот Прес ТВ. ИРГЦ тврди дека за време на нападот биле погодени воени и безбедносни цели во Тел Авив, како и дека дошло до делумен прекин на електричната енергија во градот.

Во соопштението исто така се наведува дека во досегашниот тек на операцијата „Вистинско ветување 4“ повеќе од 230 Израелци се убиени или ранети.

Иранската страна наведува дека операцијата е покрената по, како што тврди, американско-израелските напади врз Иран, додека мети на нападите, покрај Тел Авив, биле и цели во Ерусалим, Хаифа, Бер Шева и областа Негев, како и американските воени пунктови во регионот, вклучувајќи бази во Катар, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Саудиска Арабија.

To top