Свет

Иранската армија тврди дека нападнала израелски воени бази и седиштето на Шин Бет

Армијата на Иран соопшти дека нападнала израелски воени бази и седиштето на контраразузнавачка служба Шин Бет

Иранската армија тврди дека нападнала израелски воени бази и седиштето на Шин Бет

Армијата на Иран соопшти дека нападнала израелски воени бази и седиштето на контраразузнавачка служба Шин Бет.

– Воздухопловните бази во Палмахим и Овда, кои припаѓаат на ционистичкиот режим, како и седиштето на Шин Бет, беа нападнати од беспилотни летала на армијата на Исламската Република Иран, се наведува во соопштението на иранската армија емитувано на државната телевизија.

Во Ерусалим утрово се слушнаа експлозии, а израелските вооружени сили пријавија дека се лансирани ирански ракети кон Израел поради што се активираа сирени за тревога.

Повеќето ракети лансирани кон Израел како одговор на израелско-американската офанзива против Иран, што почна на 28 февруари, се пресретнати, но остатоците што паѓаат на земјата повредуваат луѓе и предизвикуваат материјална штета секој ден. Од почетокот на војната во Израел загинаа 12 лица.

To top