Свет

Иран: САД ќе претрпи тежок удар ако на ја запре војната во Појасот Газа

Иран: САД ќе претрпи тежок удар ако на ја запре војната во Појасот Газа

Иранскиот министер за одбрана Мохамад Реза Аштиани изјави дека САД ќе ги почувствуваат последиците ако не осигурат прекин на огнот во Појасот Газа.

– САД веднаш да ја запрат војната во Газа и да спроведат прекин на огнот, инаку ќе претрпат тежок удар, посочи Аштиани.

Иран, кој го поддржува Хамас и другите милитантни организации во регионот, вклучувајќи ги Хезболах и Палестински исламски џихад, претходно изјави дека САД се „воено вклучени“ во војната во Појасот Газа.

To top