Свет иран

Иран притвори 18 членови на екипажот на странски танкер запленет во Оманскиот Залив

Иранските власти го притворија 18-члениот екипаж на странски танкер запленет во Оманскиот Залив вчера, за кој рекоа дека превезувал шест милиони литри шверцувано гориво, објавија иранските медиуми и судството во покраината Хормозган.

Тие рекоа дека капетанот на бродот е меѓу приведените, а истрагата е во тек.

Според медиумите, екипажот се состоел од морнари од Индија, Шри Ланка и Бангладеш.

Властите соопштија дека танкерот направил повеќекратни прекршоци, вклучително и „игнорирање на наредбите за запирање, обид за бегство и недостаток на информации за навигација и товар“.

Иран, каде што цените на горивата се меѓу најниските во светот поради големите субвенции и падот на вредноста на националната валута, се бори со масовно шверцување гориво – по копно до соседните земји и по море до земјите од Заливот.

To top