Свет Иран

Иран негира вмешаност во антисемитски напади во Австралија

Категорично го отфрламе обвинението, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бакаеи, додавајќи оти „секоја несоодветна и неоправдана мерка на дипломатско ниво ќе резултира со одговор“

Иран негира вмешаност во антисемитски напади во Австралија

Иран денеска го отфрли обвинението од Австралија дека е вмешан во антисемитските напади во Сиднеј и во Мелбурн и предупреди дека ќе преземе реципрочни мерки поради протерувањето на иранскиот амбасадор од Канбера.

– Категорично го отфрламе обвинението, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај, додавајќи оти „секоја несоодветна и неоправдана мерка на дипломатско ниво ќе резултира со одговор“.

Претходно, австралиската Влада соопшти дека го протерува иранскиот амбасадор и го обвини Техеран дека е вмешан во антисемитски напади во Мелбурн и во Сиднеј.

Разузнавачките служби дојдоа до длабоко вознемирувачки заклучок дека Иран организирал најмалку два антисемитски напади кон крајот на 2024 година, изјави австралискиот премиер Ентони Албанез.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Тој додаде дека Иран стои зад подметнатите пожари во кошер кафуле во предградието на Сиднеј во октомври 2024 година и во синагогата Адас Израел во Мелбурн во декември 2024 година. Во двата инциденти немаше повредени луѓе.

Австралија првпат по Втората светска војна протерува дипломати.

– Австралија им даде на амбасадорот и на уште тројца ирански дипломати рок од седум дена да ја напуштат земјата, изјави шефицата на австралиската дипломатија.

To top