Свет интерпол

Интерпол уапси над 3.700 осомничени во глобална операција против трговијата со луѓе

Глобална акција против трговијата со мигранти, координирана од Интерпол, резултираше со апсење на повеќе од 3.700 осомничени и обезбедување помош и заштита за над 4.400 потенцијални жртви низ светот, соопшти меѓународната полициска организација.

Интерпол уапси над 3.700 осомничени во глобална операција против трговијата со луѓе

Глобална акција против трговијата со мигранти, координирана од Интерпол, резултираше со апсење на повеќе од 3.700 осомничени и обезбедување помош и заштита за над 4.400 потенцијални жртви низ светот, соопшти меѓународната полициска организација.

Како што наведува Интерпол, во операцијата „Либертера III“, која се спроведуваше од 10 до 21 ноември, учествувале околу 14.000 полициски службеници од 119 држави. Во рамки на акцијата биле извршени 3.744 апсења, идентификувани биле 12.992 лица вмешани во шеми за нелегална миграција, а заштитени се 4.414 потенцијални жртви на трговија со луѓе.

Дополнително, надлежните органи покренале најмалку 720 нови истраги, соопшти агенцијата со седиште во Франција, која им помага на полициските служби во 196 земји членки да соработуваат во борбата против меѓународниот криминал.

– Криминалните мрежи се развиваат користејќи нови рути, дигитални платформи и ранливи групи од населението, изјави генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиса.

– Идентификувањето на овие модели им овозможува на органите на прогонот навремено да ги предвидат заканите, порано да ги разбијат мрежите и подобро да ги заштитат жртвите, додаде тој.

Интерпол посочи и на случаи поврзани со јужноамерикански и азиски државјани во Африка, наведувајќи дека се забележува промена во моделите на трговија со луѓе, кои се разликуваат од претходните практики на префрлање африкански жртви во странство.

Измамите поврзани со трговијата со мигранти и понатаму претставуваат сериозен проблем. Мигрантите често се транспортираат по опасни маршрути долж бреговите на Сенегал, Гвинеја Бисао, Мароко и Алжир, како и по копнени мрежи во Перу, Бразил и други земји, соопшти Интерпол.

Властите во западноафриканските и централноафриканските земји Бенин, Буркина Фасо, Брегот на Слоновата Коска, Гана, Сенегал и Сиера Леоне информираа за акции на органите на прогонот во кои биле спасени повеќе од 200 жртви и биле разбиени „бројни центри за регрутација и експлоатација“.

To top