Свет

Интернет и мобилните услуги повторно достапни во Авганистан

Интернет и мобилните услуги повторно достапни во Авганистан

По речиси тридневен прекин што беше нареден од владата на талибанците од денеска низ цел Авганистан се обновени оптичкиот интернет и мобилните услуги.

Оптички интернет и телефонскиот сигнал се обновени во главниот град Кабул, како и во провинциите Хост на исток, Кандахар на југ и Херат на запад од земјата.

Претходно денеска талибанците негираа дека интернетот и мобилниот телефонски сигнал се прекинати во земјата, објаснувајќи дека е во тек замена на застарените оптички кабли.

Неколку провинции во Авганистан минатиот месец  потврдија дека им е блокиран оптичкиот интернет поради декретот на лидерот на талибанците, Хибатула Ахунџада, кој тврди дека со ваквата мерка владата се бори против неморалот во земјата.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Обединетите нации (ОН) вчера ја повикаа владата на талибанците итно да го врати пристапот до интернетот и телекомуникациите.

To top