Свет

Индонезија забрани продажба на цигари на лица под 21 година и рекламирање на интернет

Индонезија забрани продажба на цигари на лица под 21 година и рекламирање на интернет

Индонезија денеска забрани продажба на цигари на лица помлади од 21 година, како и рекламирање цигари на веб-страници, апликации и социјални мрежи, објавија локалните медиуми.

„Минималната возраст е зголемена од 18 на 21 година, а забранета е продажба на поединечни тутунски производи, освен на пури и електронски цигари“, пишува „Џакарта Глоуб“.

Според новите прописи, кои ги потпиша претседателот Јоко Видодо, едно пакување мора да има најмалку 20 цигари, а пакување режан тутун може да има најмногу 50 грама.

Најнови вести од Свет

To top