Свет

Им јавиле дека синот им загинал во несреќата во Лисабон: Следувал пресврт кога отишле да го идентификуваат

Им јавиле дека синот им загинал во несреќата во Лисабон: Следувал пресврт кога отишле да го идентификуваат

Семејство од Германија добило повик од властите во Лисабон дека нивниот син (46) починал во ужасната несреќа на фуникуларот во Лисабон. Меѓутоа, кога пристигнале во мртовечницата за да го идентификуваат телото, се случил пресврт.

Имено, кога дошле, сфатиле дека нивниот син не е меѓу жртвите, но го пронашле жив во болницата.

Португалската полиција во четврток потврдила дека меѓу загинатите е и германски државјанин, но таа информација подоцна се покажала како неточна поради промена на идентитетот. Родителите на наводната жртва, германски турист, дошле во петокот да го идентификуваат телото, но не го пронашле.

– Физичкиот опис на германскиот државјанин што го добивме бил многу сличен на описот на Британецот. Дури по научни тестови било можно да се утврди вистинскиот идентитет на починатата жртва – изјавила портпаролката на полицијата.

И германското Министерство за надворешни работи потврдило дека не претпоставуваат дека има германски жртви.

Маж (46) и неговата сопруга (45), кои исто така биле повредени во несреќата, се на болничко лекување. Нивниот тригодишен син беше речиси неповреден во несреќата. Прво беше спасен од полицаец, а потоа прегледан од педијатар.

Вкупно 16 лица загинаа во тешката несреќа што се случи во среда навечер, иако првичните информации беа за 17 жртви.

Меѓу жртвите се:

пет државјани на Португалија
тројца државјани на Велика Британија
двајца државјани на Јужна Кореја
двајца државјани на Канада
по еден државјанин на Швајцарија, Украина, Соединетите Американски Држави и Франција.

To top