Свет војна

ИДФ: Најмалку 30 борци на Хамас убиени во Кан Јунис

Израелските сили за одбрана (ИДФ) соопштија дека во изминатите 24 часа ликвидирале десетици борци на Хамас, најмногу во областа Кан Јунис, каде што се водат најголем дел од борбите.

Се наведува дека најмалку 30 членови на Хамас загинале во борбите со припадниците на ИДФ, а израелските војници „ја продлабочиле оперативната контрола над градот и неговата околина“.

Додека продолжуваат борбите на југот на Појасот Газа, десет оперативци на Хамас беа убиени во центарот на Газа, истакнуваат од ИДФ

To top