Свет

Храната во Германија поевтини првпат од 2015 година

Храната во Германија поевтини првпат од 2015 година

Инфлацијата во Германија забави во март, при што храната стана поевтина за првпат од почетокот на 2015 година. Има и континуиран пад на цените на енергијата, покажа денеска извештајот на Заводот за статистика.

Потрошувачките цени во март се повисоки за 2,2 отсто во однос на истиот месец минатата година, покажува Дестатис.

Во февруари тие беа за 2,5 отсто повисоки од пред една година, покажуваат податоците на Заводот за статистика.

Стапката на инфлација се намали во март на ниво од мај 2021 година, забележува Заводот за статистика.

На месечно ниво, потрошувачките цени во најголемата европска економија пораснаа, според прелиминарните и моментално достапни податоци, за 0,4 отсто, со исто темпо како и во февруари, покажуваат податоците на Дестатис.

Во март, според првата проценка на Дестатис, храната поевтинила на годишно ниво за првпат од февруари 2015 година, за 0,7 отсто. Во февруари таа беше за 0,9 отсто поскапа од претходната година.

To top