Свет

ХРАБРА ПОЛИЦАЈКА: Само овие два збора му ги кажала на напаѓачот од Сиднеј, потоа со еден куршум го убила

Полицијата соопшти дека шест посетители на трговскиот центар биле убиени додека неколкумина биле повредени во напад со нож кој се случил околу 16 часот по локално време.

ХРАБРА ПОЛИЦАЈКА: Само овие два збора му ги кажала на напаѓачот од Сиднеј, потоа со еден куршум го убила

Напаѓач избодел девет лица, меѓу кои една жена и нејзиното деветмесечно бебе, во трговскиот центар Вестфилд Бонди Џанкшн во Сиднеј. Шест лица се мртви, а многумина се повредени.

Во моментот на нападот во центарот имало и неименувана полицајка, која самата решила да го спречи напаѓачот.

Таа го следела низ трговскиот центар додека конечно не се нашла лице в лице со него.

Сопственикот на кафуле Мајкл Данкли видел како полицајката пука во осомничениот. Таа му рекла: „Фрли го ножот!“

Сечилото од ножот било долго 15 сантиметри, а напаѓачот се нафрлил кон полицајката откако го предупредила. Го убила со еден куршум во градите.

– Доведена беше во ситуација да мора така да реагира. Таа го направи тоа многу смирено, фантастична е, изјави Данкли.

Полицијата соопшти дека шест посетители на трговскиот центар биле убиени додека неколкумина биле повредени во напад со нож кој се случил околу 16 часот по локално време.

To top