Командантот на холандските вооружени сили, Оно Ајхелсхајм, предупреди дека ескалацијата на тензиите меѓу САД и Европа околу Гренланд може да доведе до распад на НАТО алијансата.
Ајхелсхајм во интервју за NOS изјави дека таков развој на настаните би бил директно од корист за рускиот претседател Владимир Путин и дека другите земји би можеле да добијат впечаток дека НАТО слабее, објави НЛ Тајмс.
Тој оцени дека ова е „најлошото можно сценарио“.
Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Холандија, Давид ван Вил, изјави дека холандскиот кабинет е „во близок контакт“ со Европската комисија во врска со одговорот на планот на Доналд Трамп за воведување царини од 10 проценти за сите холандски стоки од 1 февруари. (МИА)