Исламистичката организација Хезболах ги осуди „американско-израелските непријателства против Исламската Република“, но не се закани дека ќе му се одмазди на Израел.
„Ги повикуваме земјите и народите во регионот да застанат цврсто пред овие непријателски намери“, се вели во соопштението на Хезболах, предупредувајќи дека „нивните страшни последици ќе ги погодат сите без исклучок доколку останат неконтролирани“.
„Сигурни сме дека на американско-израелскиот непријател ќе му биде зададен голем удар и дека нема да пожнее ништо друго освен неуспех од својата криминална, тиранска агресија“, соопшти Хезболах.
Лидерот на Хезболах, Наим Касем, требаше да одржи телевизиски говор подоцна денеска, но тој е одложен. (МИА)