Свет

Харис: Постигнат е „извесен напредок“ во врска со договорот за прекин на огнот во Газа

Американската потпретседателка и демократски кандидат за претседател, Камала Харис денеска изјави дека е постигнат „извесен напредок“ во врска со договорот за прекин на огнот во Газа, но оти напредокот е „бесмислен“ доколку договорот навистина не биде постигнат.

– Треба да постигнеме прекин на огнот и договор за заложниците што е можно поскоро, изјави Харис на телевизијата Си-Би-Ес.

Харис во неделата најави дека Вашингтон ќе изврши притисок врз Израел и другите страни во регионот на Блискиот Исток со цел да се постигне договор за прекин на огнот во Газа.

To top