Свет

Харис ја прифати поканата на Си-Ен-Ен за дебата на 23 октомври и го повикува Трамп да ја прифати поканата

Американската потпретседателка и кандидатка за претседател на Демократската партија Камала Харис ја прифати поканата на Си-Ен-Ен да учествува на дебата со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп на 23 октомври, соопшти денеска нејзиниот изборен штаб.

„Доналд Трамп не треба да има проблем да се согласи на оваа дебата. Тоа е истиот формат и поставеност како дебатата на CNN на која присуствуваше и рече дека победил во јуни, кога ги пофали модераторите, правилата и рејтингот на медиумот“, наведе во соопштение Џен О’Мали Дилон, шеф на кабинетот на Харис.

Предизборниот штаб на Трамп, поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претседателските избори на 5 ноември, не одговори на барањето на американски медиуми за коментар.

To top