Свет „Ал Џезира ТВ“

Хамас: Нема договор за размена на затвореници со Израел без целосен прекин на огнот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша како „заблуда“ предлогот на Хамас за прекин на огнот и размена на затвореници.

Хамас: Нема договор за размена на затвореници со Израел без целосен прекин на огнот

Палестинската група Хамас соопшти дека ќе прифати договор за размена на затвореници само ако Израел се согласи на целосен прекин на огнот и влез на хуманитарна помош во Појасот Газа.

„Враќањето на (израелските) окупациски затвореници има три цени. Првата е олеснување на враќањето на нашиот народ во нормален живот. Второто е крај на агресијата, а третото е вистинска размена на затвореници во која би биле ослободени нашите 10.000 затвореници во израелските затвори“, изјави Халил ал Хаја, член на политичкото биро на групата, во интервју за катарската „Ал Џезира ТВ“.

Тој рече дека Израел, кој е обвинет за геноцид, одбива да се повлече од Газа и не дозволува раселените Палестинци да се вратат во своите домови.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша како „заблуда“ предлогот на Хамас за прекин на огнот и размена на затвореници. (МИА)

To top