Свет

Хамас ја презеде одговорноста за смртоносниот напад во Ерусалим

Военото крило на палестинското исламско движење Хамас ја презеде одговорноста за вчерашниот напад во Ерусалим, во кој беа убиени шест Израелци.

– Бригадите Ал Касам ја преземаат одговорноста за нападот што се случи во понеделник наутро во близина на раскрсницата на населбата Рамот, се вели во соопштението.

Шест лица беа убиени, а 12 повредени кога палестински напаѓачи, според податоците на израелските власти, пукале врз луѓе на автобуска станица во Ерусалим.

Еден израелски војник и цивили убија двајца напаѓачи, соопшти полицијата, која подоцна уапси трето лице поврзано со нападот.

Нападот на главната раскрсница на патот кон еврејските населби во источен Ерусалим е најсмртоносен во Израел од октомври 2024 година.

To top