Свет крај на војната?

Хамас ги објави деталите од договорот со Израел

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен рече дека процесот на ослободување на првата група заложници од Газа се очекува да започне утре, но не кажа колкумина ќе бидат ослободени

Хамас ги објави деталите од договорот со Израел

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен рече дека процесот на ослободување на првата група заложници од Газа се очекува да започне утре, но не кажа колкумина ќе бидат ослободени

Официјалниот претставник на Хамас, Муса Абу Марзук, во интервју за Ал Џезира изјави дека привременото примирје меѓу терористичката група и Израел ќе стапи во сила утре во 10 часот.

Соопштението доаѓа откако Израел постигна договор со Хамас за четиридневен прекин на огнот и ослободување на најмалку 50 од околу 240 заложници кои Хамас ги зароби на 7 октомври, во замена за ослободување на 150 малолетници и жени кои се во израелските затвори.

Договор е постигнат: Прво примирје меѓу Хамас и Израел, се чека на ослободување на заложниците

Договорот беше одобрен во текот на ноќта од израелската влада. Абу Марзук вели дека повеќето од заложниците кои ќе бидат ослободени имаат странско државјанство, без да прецизира дали имаат и израелски пасоши.

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен рече дека процесот на ослободување на првата група заложници од Газа се очекува да започне утре, но не кажа колкумина ќе бидат ослободени.

Договорот ќе го означи првото примирје од почетокот на конфликтот во која израелските бомбардирања срамнија со земја делови од Газа со кои владее Хамас.

Паузата во борбите би можела да трае повеќе од четири дена – Израел вели дека на секои 10 ослободени заложници над почетните 50, паузата ќе биде продолжена за еден ден.

Пред најавата за прифаќање на договорот, Нетанјаху рече дека интервенцијата на американскиот претседател Џо Бајден помогнала да се подобри договорот за да вклучи повеќе заложници и помалку отстапки.

Но, Нетанјаху рече дека мисијата на Израел не е променета.

To top